ТЕРА

REKLAMA???

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ СО КОНЦЕРТ ГО ПРОМОВИРАА ВИНИЛНОТО ИЗДАНИЕ НА „ТРЕТА МАЈКА“

Големите мајстори на гитарата, светските уметници Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ после долго време повторно одржаа концерт во Скопје, а за прв пат во амбиентот на Македонската Филхармонија. Стефановски и Мирослав Тадиќ го изведоа албумот ,,Трета Мајка” по повод дваесет години по првото издание , а на публиката ѝ подарија винилно издание од ова капитално музичко дело. Ова беше нивен прв настап во Македонска филхармонија, додека во Скопје одамна немаат свирено заедно. Гитаристите заедно го имаат снимено и албумот „Крушево“. Стефановски најави дека ќе снимат уште еден албум, во скоро време.

Претставувајќи го Тадиќ, Стефановски откри дека нивното пријателство трае веќе три децении и дека секогаш има пофални зборови за него.

Антологиските „Саноќ седам Трено“, „Море сокол пие“, „Елено ќерко“, „Прошета се Јовка Кумановка“, „Опа-иха“, „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“ беа вистински празник на музиката, како што и самиот Стефановски ги опиша на неодамнешната прес-конференција. На крајот, Стефановски ѝ се заблагодари на Македонската филхармонија за гостопримството, како и на продукцијата „Авалон“, која го реиздаде албумот „Трета мајка“. Стефановски одбележува половина век музичка кариера, со план наесен да објави нов албум со неговото трио и книга мемоари.