ТЕРА

REKLAMA???

1200 ДЕЦА И 72 ЕКИПИ НА ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН „ЕДЕН НА ЕДЕН-МОГИЛА КУП“

„Еден на Еден” од Могила го организира третиот меѓународен „Еден на Еден Куп“, на фудбалскиот стадион „Димко Сарванов Могилчето“, во периодот од 14 до 16 јуни.

Спортската манифестација ќе биде вистински празник на фудбалот, со учество на 72 екипи и повеќе од 1.200 деца во различни возрасни категории. Со огромна амбиција и ентузијазам, учесниците од генерацијата од 2011 до 2016 година ќе се претстават на терените, на престижниот „Еден на Еден – Могила Куп“.

Во престојните три денови, публиката ќе има можност да ужива во 156 спектакуларни натпревари, исполнети со фудбалско возбудување.

Натпреварите ќе се играат двапати по 15 минути, фудбалските таленти ќе имаат можност да го покажат својот потенцијал и вештини пред публиката и судиите.

Организаторите на „Еден на Еден-Могила Куп“ гарантираат динамичен и предизвикувачки фудбалски спектакл, кој ќе ги остави сите присутни без зборови. Со оглед на големиот број на учесници и квалитетот на натпреварите, „Еден на Еден-Могила Куп“ дефинитивно е настан кој не смее да се пропушти.