Општина Битола, во соработка со Пинг понг клубот „Пелагонија“, вторник на 18.06.2024 од 12:00 до 14:00 часот, во Спортската сала „Боро Чурлевски“, организира бесплатни понг понг игри за сите заинтересирани за овој спорт.
Во соопштението од Општината се вели дека на ваквата активност е преку подобрувањето на условите и набавката на нова опрема за пинг понг, да се мотивираат граѓаните, а пред се младите луѓе за активно учество во вакви игри кои бараат брзина, вештина и концентрација.
На самиот настан, заинтересираните ќе може да се запознаат и за условите за понатамошно редовно, професионално или рекреативно користење на просторот и опремата за пинг понг.


















