Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро ги осуди вчерашните руски ракетни напади низ Украина, во кои загинаа голем број луѓе, а беше оштетена станбена и цивилна инфраструктура.
Германија понуди поддршка и лекување за украинските деца по рускиот ракетен напад што ја погоди педијатриската болница во Киев.
Бројот на загинати во руските напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи говорат дека 17 лица се убиени во главниот град Киев, од кои две во детска болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.












