ТЕРА

REKLAMA???

НАД 150 ЗАГИНАТИ ВО СВЛЕЧИШТА ВО ИНДИЈА

Најмалку 151 лице загина, а 186 се повредени во свлечиштата кал по силниот дожд во јужната индиска држава Керала, соопшти денеска локалната полиција.

Несреќата се случи откако обилните врнежи предизвикаа буици од кал и вода што ги погодија имотите и селата во Керала.

Спасувачите синоќа извлекоа десетици тела од калта, но нивните напори беа отежнати поради блокираните патишта и нестабилниот терен.

Властите во погодената област испратија 20.000 литри вода за пиење. Во синоќешното соопштение, исто така, се наведува дека локалните власти поставиле повеќе полски болници.

Медиумите јавуваат дека најголем дел од жртвите се сезонски работници на плантажите за чај.