Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.
Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, која се случи вчера во јужната бразилска држава Сао Паоло.

Леталото паднало врз во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ облак од црн чад.
Авионот од моделот АТР-72 имаше капацитет да превезува 68 луѓе.
Се урна во станбена зона во градот Винедо.

Никој на теренот не е повреден. Оштетена е само една зграда.
Авионот, кој бил во сопственост на бразилската авиокомпанија „VoePass“, бил на домашен лет меѓу градовите Каскавел, во јужната држава Парана, и Гуаруљос, во државата Сао Паоло.












