ТЕРА

REKLAMA???

НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД БЛОКИРАНИ ДВЕТЕ ГЛАВНИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СТАНИЦИ

По завршување на протестот на „Теразија“ во Белград на еколошките организации против отворањето рудници за литиум во Србија, студентите и организаторите ги блокираа двете главни железнички станици во Белград и најавија дека ќе има блокади на уште три места во Србија. Учесниците на протестот премиерот Милош Вучелиќ ги нарече „разбиена банда“, јави дописникот на МИА од Белград.

По протестот, на кој според организаторите учествуваа околу 40.000 луѓе, на повик на повеќе еколошки организации, неколку илјади граѓани и студенти, предводени од Златко Кокановиќ од „Не го даваме Јадар“, се упатија кон двете железнички станици во Белград, притоа блокирајќи ги централните белградски улици и мостот „Газела“.

Тие влегоа во главната железниката станица „Прокоп“, како и на железничката станица на Нов Белград и ги блокираа.

Учесниците на протестот на „Теразије“ во Белград српскиот премиер Александар Вучиќ ги нарече разбиена банда, додека министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека по завршувањето на протестот дошло до тешко нарушување на јавниот ред и мир и прекршување на законите и дека против сите сторители ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави.