Рибите имаат голема улога во кинеската митологија, а насловната фотографија е од брегот на реката Кјантанг во Хангжу. Во трка со силите на водата луѓето собираат риби кои доаѓаат од најголемите длабочини. Но, прилогот е за плима и осека.
Најчесто среќавана дефиниција за природниот гравитациски генериран феномен е дека Плимата и Осеката претставуваат подигнување и спуштање на нивоата на окените на Земјата поради дејствата на гравитациските сили на Месечината и Сонцето. Според законот за гравитација сите тела кои поседуваат одредена маса се привлекуваат меѓу себе, па така и Месечината со Земјата кога се најблиску. Феноменот плима се случува кога на едниот крај од земјината елипса Месечината е поблиску, ја привлекува Земјата и нејзините води се „истураат“ врз бреговите. Феноменот плима-осека го доживуваат и реките и, човекот во овие два милениуми научил да го предвиди.

Плимната дупка од друга страна е крајно непредвидлив феномен. Брановите предизвикани од неа се јавуваат долж брегови кадешто реките се влеваат во океан или море. Плимната дупка е силна плима што ја турка реката нагоре, против струјата. И кога ова се случува на брегот може да се најде целото дно од реката, сосе зашеметени риби. Оттука и одамна напуштениот традиционален кинески начин на фаќање риба, што во основа претставува човечка имитација на мечките и орлите кои влегуваат во водата неколку часа откако ќе помине бранот за да земат риби исфрлени покрај бреговите.
По должината на реката Кјантанг во Хангжу, Кина е местото на најголемата плима во светот, Предниот раб на плимниот отвор на реката Кјантанг може да се движи со брзина од 40 километри на час. Плимата зад бранот прави водата на реката да расте со часови откако ќе помине дупката. Понекогаш брановите се пресретнуваат и тогаш ја прават прекрасната глетка што само малку ја открива суровата сила на Природата.













