Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го определи најновиот дипломатски напор на Вашингтон за постигнување примирје во Газа како „можеби најдобрата, а можеби и последната можност“ за мир и ги повика сите страни да го доведат договорот до успешен крај.

Преговорите за примирје се водат веќе неколку месеци и ќе продолжат оваа недела во Каиро, по дводневната средба во Доха минатата недела.
Блинкен ќе го засили дипломатскиот притисок за постигнување пробив во преговорите подоцна оваа недела, откако САД минатата недела предложија компромисни решенија кои посредничките земји веруваат дека ќе ги доближат ставовите на завојуваните страни.
„Ова е решавачки момент, можеби најдобрата, а можеби и последната можност да ги вратиме заложниците дома, да постигнеме примирје и да ги поставиме сите на патот кон одржлив мир и безбедност“, изјави Блинкен пред новинарите пред средбата со израелскиот претседател Исак Херцог.
МИА