Антакија во Турција којашто беше разурната во земјотресот од 6 февруари минатата година ќе биде реконструирана. Британски архитекти го објавија својот план за тоа. Покрај тоа што е регионален главен град на провинцијата Хатај, Антакија во историјата била позната како Антиохија, еден од најважните градови за развојот на цивилизацијата денес.
На 6 февруари минатата година, земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го потресе Хатај и 10 други провинции во јужна Турција, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе. Година и половина подоцна најпознати архитекти и урбани планери се вклучени во нејзиното реконструирање. Според архитектите 80% од стариот град бил урнисан, па тие сега предлагаат целосна реконструкција на површина од 30квадратни километри и има за цел да ги охрабри раселениет луѓе да се вратат до градот. Предложена е т.н пристап на изградба на „град сунѓер“ – со математичка пресметка на потребните зелени површини, квалитетот на почвите и потенцијалот за истекување на вода при обилни дождови.

Антакија ( Антиохија) е на трусна, земјотресна линија па оттука и архитектурата и уличниот дизајн треба да дејствуваат како прва линија на одбрана од влијанието на земјотресот, вклучително и компактни згради кои би требало подобро да се справат со сеизмичката активност. „Суперблокови“ на соседство, инспирирани од оние во Барселона, ќе промовираат зони без автомобили кои обезбедуваат повеќе правци во пресрет на катастрофа; и за службите за итни случаи и за жителите кои би требало да се евакуираат.
Ова ќе придонесе и кон квалитетот на живот- помалку сообраќај, повеќе зелени урбани простори. Делот долж реката ќе остане отворен за да претставува природната тампон зона за сите непогоди.
Меѓу сите разговори за ревитализација и нови карактеристики, на британските архитекти најважно им било да се зачува духот на градот. За таа намена направени биле интервјуа со стотици повозрасни граѓани кои ги пренесле своите спомени од градот.












