ТЕРА

REKLAMA???

СИТЕ КРЕМОВИ, ГЕЛОВИ И ПАСТИ ВО ПРОЅИРНИ ШИШЕНЦА ДО 100мл

Новите правила за носење багаж низ европските аеродроми се старите.

Откако претставници на авионските компании, царинските служби и претставници на Европската комисија одржале неколкју работилници за стандардизиран багаж низ слободната европска зона, се вратиле на старите правила кои некаде веќе се применуваат, а некаде ќе бидат повторно воведени.

Аеродромите од 2018 година требаше да воведат нова технологија – скенери на багаж, но и во крајниот зададен рок – 1 септември , не се сите подготвени. Оттука, затоа што нема скенер кој ќе „види“ што течности се носат, важат старите правилата за одвојување на течностите и електрониката и придружување на строгото правило од 100мл.

Правилото на ЕУ за рачен багаж

Ограничено количеството течности, гелови и креми што можат да се земат во рачниот багаж. Таквите супстанции треба да се наоѓаат во контејнери од 100 ml или помалку и да се поминат низ безбедноста на аеродромот во проѕирна пластична кеса од околу 20cm x 20cm.

Течностите вклучуваат (но не се ограничени на):

Пијалоци

Полутечна храна, како супа, конзерви и мед

Козметика и тоалети, како подлога, лосион за сонце и сјај за усни

Спрејови, вклучувајќи лак за коса, дезодоранс и пена за бричење

Паста за заби

Гел за туширање, гел за коса

Раствори, како физиолошки раствор или раствор за контактни леќи

 

Детално за правилата за течности на Англиски јазик  може да се информирате на официјалната страница на ЕУ https://transport.ec.europa.eu/transport-modes/air/aviation-security/aviation-security-policy/liquids-aerosols-and-gels_en

Досега сигурно знаете дека не смее да се носат остри предмети, алати, уреди што онеспособуваат и оружје.  .