Денеска се одржуваат регионалните избори за германските покраини Саксонија и Тирингија. Светот ги следи внимателно, дефинирани се како показател за јавното расположение кон владата на земјата.
„Антимиграциското расположение во земјата се зголеми по неодамнешните екстремистички напади, како што е минатонеделниот смртоносен напад со нож во западниот германски град Солинген, за кој групата Исламска држава ја презеде одговорноста.“ – пишува Euronews.

„Регионалните избори во трите поранешни источногермански покраини Бранденбург, Саксонија и Тирингија би можеле да имаат сериозни последици за најголемата и најважна членка на Европската унија – нејзината непопуларна коалициска влада може дополнително да ослабне, додека идната поддршка на Берлин за Украина може да биде доведена во прашање.“ – пишува РадиоСлободнаЕвропа.

Предвидувањата што ги објавува Reuters говорат дека сите три партии во федералната влада на Шолц ќе изгубат гласови, а Зелените и либералните Слободни демократи би се бореле да го достигнат прагот од 5 отсто за влез во парламентот.
Но, никој не може да предвиди со точност се додека гласањето не заврши и не бидат соопштени резултатите.












