Злато и две сребра – историски медали за карате клубот ЗАНШИН ДО„-БИТОЛА . После 57 години од кога постои федерацијата за првпат Битола добива шампиони и вицешампиони на државно првенство во кадети, јуниори и У21.
Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција -Италија. Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски се закитија со сребрени медали и пехар во ката тим кадети јуниори мажи . Михаил Марковски се закити со среберен медал и во поединечно во кати кадети кој во финале загуби за 0,5 бодови.
Претходните денови тренерот на КК ЗАНШИН ДО и селектор на репрезентација во кати У12 и У14 на КФМ Стевка Јанковска Петковска се здоби со петти дана црн појас со што за првпат Битола доби жена со толку висок степен на признание во историјата на каратето во Македонија.


















