ТЕРА

REKLAMA???

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Амбасадорот на Франција, Кристоф ЛЕ Риголер, заедно со првиот секретар во амбасадата Даниел Меркез, денес остварија прва официјална посета на Општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на општина Битола, стои во соопштението од Општина Битола испратено до медиумите.

На средбата се разговараше за досегашната добра соработка на општината со францускиот конзул во Битола и амбасадата на Франција и бројните заеднички реализирани проекти. Посебен акцент беше ставен на идните можности за зајакнување и продлабочување на соработката, на интересот за изучување на францускиот јазик во битолските училишта и други важни теми од економски и културен аспект.

По завршувањето на работниот состанок, градоначалникот Коњановски и амбасадорот Риголер, ја посетија Гимназијата „Јосип Броз Тито”, каде имаа средба со раководството на училиштето, дел од професорите и со учениците кои изучуваат француски јазик.

Фото: Општина Битола