Централните делови на неколку градови во северниот дел и централниот дел на Босна и Херцеговина се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.
Во текот на изминатата ноќ, обилните врнежи создадоа порои кои централните делови на повеќе градови ги претворија во реки. Поплавени се станбени и деловни објекти, а сообраќајот е во целосен застој. Според информациите од Градската служба за спасување во Јабланица, влезот и излезот од градот се невозможни, јавува МИА.
Прекинати се патните правци кон Мостар и Сараево. Граѓаните се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови, а оние кои можат, да се обратат на надлежните служби за помош.












