ЕУ доделува 35.500 бесплатни железнички карти на 18-годишници според шемата откриј ја евопска унија. (DiscoverWU) . Иницијативата е дел од програмата ЕРАЗМУС и има за цел да ги поттикне културните врски во ЕУ.
Жителите на земјите членки на ЕУ имаат нова прилика да го запознаат континентот, барем таму кадешто има функционална железница.
Шемата е отворена за легални жители на 27 земји-членки на ЕУ или прекуокеански земји. Може да аплицираат и жители на трети земји поврзани со Еразмус. Тие вклучуваат Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција.
За да имаат шанса да добијат бесплатна железничка карта, апликантите мора да се родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2006 година. Засега нема најава за пензионери. А еве и зошто.
Се што треба да направите за квалификација е да одговорите на пет прашања со повеќекратен избор за ЕУ и на едно дополнително прашање. Тие опфаќаат општи знаења за ЕУ и нејзините иницијативи насочени кон младите луѓе. Исто така, ќе биде побарано да дадете повеќе информации за вашите планови за патување. Ова вклучува кога планирате да патувате, дали тоа ќе биде прв пат да патувате сами без вашите родители, што би сакале да научите од искуството и како ќе го финансирате вашето патување.
Комисијата ќе ги рангира апликантите врз основа на нивните одговори на квизот на ЕУ и ќе понуди патни карти по нивното рангирање до лимитот на достапни билети. Во фазата на апликација, можете да изберете или да патувате сами или со група од најмногу пет пријатели. Ако одберете да патувате како група, можете да го споделите вашиот код за апликација со вашите пријатели за да дозволите нивна регистрација.
Само водачот на групата треба да одговори на прашањата на квизот на ЕУ; членовите на групата треба само да достават лични податоци за да ја пополнат апликацијата и да ги исполнат критериумите за возраст и престој.
Оние кои ќе се покажат успешни ќе добијат бесплатна железничка карта за патување во Европа до 30 дена помеѓу 1 март 2025 и 31 мај 2026 година.












