Социјалната мрежа Тик Ток во сопственост на „BiteDance“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени.
Вработените, од кои повеќето беа ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.
МИА












