Додека во светот родовата еднаквост е на најјако, огласите за работа кои се објавувале во Австралија користеле зборови за кои однапред се знаело дека ќе ги одврати жените од аплицирање за работа.
Две софтверски компании од светот изградиле „проверувач на текст“ со кој проверуваат дали при огласите за вработување компаниите се насочени кон машки или женски апликанти односно кон обесхрабрување на еден од половите да се пријават за работа.
Врз основа на фактот дека стилот на комунијација на жените бил повеќе заеднички, со користење на повеќе емотивни и социјални зборови, а машкиот стил на говор е повеќе стерилен и без емоција, го изградиле софтверот со основа листа на зборови и фрази.
Еве зборови кои веројатно ќе ги спречат жените да аплицираат за работа:
Активен амбициозен аналитички наметлив автономно Најдоброто од најдобрите Пофалби Предизвик Конкурентна Конкурентна плата Сигурен Одлучен Одлучни доминираат независен, Нинџа, Објективен, Силен, Презема ризици.
Ајде да погледнеме подлабоко што велат истражувањата за неколку од нив. Кога компаниите го користат зборот „нинџа“, тие имаат намера да соопштат дека бараат агресивен и експерт кандидат. А многумина поимот „нинџа“ го гледале како фраер. Фразата „најдобро од најдобрите“ ги асоцирала дека компанијата бара бели мажи за работната позиција. И фразата „конкурентна плата“ била проблематична затоа што жените, кои имаат помала веројатност да преговараат, можеби мислат дека треба да се ценкаат околу нивната плата.
Инклузивните зборови изгледаат повеќе вака: Приспособливи за соработка Посветени Поврзани Кооперативен/на Креативен/на Љубопитен/на Сигурен/на Одличен /на Флексибилен / на Имагинативен/ на Интерперсонале/ на Интуитивен/ на Лојална/ен Еластичен/ на Одговорен/ на.
Па, еден пример за коректен оглас би изгледал вака : „Ние сме заедница на програмери кои негуваа ефективни односи со многу лојални клиенти. Посветени сме на интимно разбирање на секторот за развој на софтвер.“
За да се привлечат жените да аплицираат за работната позиција, препораката е бараните карактеристики да гласат на пример: „Умешни усни и писмени комуникациски вештини. Добро соработува во тимска средина. Чувствителен на потребите на клиентите и може да развие топли односи со клиентите.“












