ТЕРА

REKLAMA???

ФК ПЕЛИСТЕР СО ПОБЕДА ВО ВЧЕРАШНОТО ДЕРБИ, ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Во прекрасна навивачка атмосфера полна адреналин, синоќа за првпат под рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ се одигра големото дерби помеѓу вечните ривали, Пелистер и Вардар.

Со голот на Мирко Ивановски во 92-рата минута, Пелистер излезе како победник. Ова историско дерби донесе огромна радост за битолчани и нивните верни навивачи, кои во единство ја славеа победата.

Фудбалерите на ФК Пелистер, со овој успех на првиот ноќен натпревар, им го честитаа празникот „4-ти Ноември“ на своите сограѓани.

Честит празник, Битола!

Фото: Општина Битола