Октетот Прилеп веќе цели 30 години ја негува и пренесува убавината на староградската музика, останувајќи верни на традицијата и културното наследство.
Во чест на својот јубилеј, Октетот Прилеп одржа незаборавен концерт со кој одбележа три децении успешна, музичка приказна. На концертот беа изведени, не само староградски песни кои го одбележаа нивниот репертоар низ годините, туку и уникатни преработки на познати забавни хитови.
Гости на концертот беа Сашо Башески, Белинда Ристеска, Викторија Георгиеска и таткото и синот Тумбески.
Октетот Прилеп, кој досега има издадено неколку албуми, не само што ја негува староградската музика, туку ја прави и дел од современото музичко секојдневие.












