Џон Алфред Тинисвуд девет месеци ја имаше титулата „најстар човек на светот“, прославувајќи го својот 112-ти роденден, пишува Аsociated Press News.
Неговата титула како најстар човек на светот заврши во понеделникот кога Тинисвуд почина во дом за нега на северозападот на Англија, во близина на Ливерпул, каде што бил роден на 26 август 1912 година, соопшти неговото семејство.
Тинисвуд својата долговечност ја припишува на „чиста среќа“.
„Или живееш долго или живееш кратко, и не можеш многу да направиш во врска со тоа“, изјави пензионираниот сметководител и пра-дедо за Guinness World Records кога ја доби титулата во април.
Но, ако имало некој таен рецепт за тоа, тој рекол дека умереноста е клучот за здрав живот. Никогаш не пушел, ретко пиел и не следел посебна диета, освен што секој петок јадел риба и чипс.
„Ако пиете премногу или јадете премногу или пешачите премногу — ако правите премногу од било што — на крајот ќе страдате“, изјави Тинисвуд.
Тинисвуд е роден неколку месеци по потонувањето на „Титаник“. Преживеал две светски војни и служел во Британската војска како дел од Платниот корпус во Втората светска војна.
Тинисвуд имал 111 години кога ја освојил титулата по смртта на Хуан Висенте Перез од Венецуела, кој почина на 114 години. Guinness World Records не го именуваше следниот рекордер кој ќе го замени Тинисвуд.
Тинисвуд ги надживеа неговата ќерка Сузан, четири внуци и три пра-внуци. Неговата жена од 44 години, Блодвен, почина во 1986 година.
Кога Тинисвуд наполнил 112 години во август, тој рекол дека го прифаќа тоа смирено — како и сè друго што направил.
„Не се чувствувам толку стар, не се возбудувам за тоа“, рекол тој. „Можеби тоа е причината што стигнав до оваа возраст“.
Најстарата жива жена и најстарата жива личност на светот е Јапонката Томико Итоока, која има 116 години.
Фото: AP News












