Денеска во својата прва официјална посета на Битола престојуваше евроамбасадорот Михалис Рокас. Се сретна со градоначалникот, се обрати на советницие од Советот. Со сите дискутираа за досега реализираните проекти, за проектите кои се во фаза на евалуација и за натамошното градење на односите меѓу Општината и Европската мисија во Македонија. Градоначалникот од Рокас побара негово посредништво во пронаоѓање нова грчка општина што би била партнер на Битола за проширување на меѓународните релации на градот.

Првата официјална посета на Битола новоназначениот евроамбасадор ја започна со работна средба со градоначалникот. Тони Коњановски. Се разговарало за двата европски проекти на Општината „транзиција преку граници “ и Ин – херит кои во моментов се евалуираат од комисијата што го спроведува повикот за погранична соработка со Грција, за проблемите кои искрснаа со проектот Смарт фор ју ту и велосипедската патека, кадешто Битола изгуби доделени средства. Приоритетот сега сепак е пречистителната станица.
„Уште една значајна тема е поддршката на ЕУ за изградбата на пречистителната станица во Битола. Огромен проект, огромни средства во кој е вклучена ЕУ, за исзградба на пречистителна станица и колекторски систем. Го информирав дека по трет пат сме во фазата на евалуација и се надевам дека овојпат овој проект ќе го види светлото на денот за во текот на наредната година да отпочнеме со изработка на пречистителната станица и колекторски систем. “ – рече градоначалникот Коњановски.
Фактот дека Битола е на 14-тина километри од Грција, а Рокас е грчки државјанин за градоначалникоит Коњановски беше прилика да побара вложување заеднички напори за проширување на битолската соработка со градови од јужниот сосед.
„Зборував и за идната соработка која би можеле да ја имаме со градовите од сверниот дел на Грција“ – рече градоначалникот. „Разговаравме за поддршка од страна на евроамбасадорот за поголема поврзаност на нашиот регион со северна Грција и пограничните места, бидејќи како град кој се наоѓа на само 14 километри од границата сме спремни проактивно да се вклучиме во подигнување на нивото на соработка помеѓу двете држави и уште поголема отвореност во делот на туризмот, трговијата, економијата. Во овој контекст би сакал да споменам за првпат пред јавноста, дека посакувам Општина Битола ја обнови пријателската соработка со градовите Кожани и Воден, од минатото, како и да се збратимиме со уште еден град од Р. Грција и оваа иницијатива и замолницата за поддршка ја искажав и истакнав на евроамбасадорот. “

Ние како ЕУ остануваме силно посветени на поддршката на Опшптина Битола, градоначалникот , општинскиот Совет и на граѓаните за да може да ја искористат можноста со планот за раст на ЕУ и реформската агенда на владата и другите партнери за да може да се осигураме дека во иднина ниту едно евро нема да биде изгубено., рече Рокас на заедничката прес конференција со градоначалниокот. „Прекуграничната соработка е од суштествена важност за да можеме да се соочиме со сите предизвици со коишто се соочуваат самите општини и токму таа прекугранична соработка е во самото срце на основниот процес на самата земја и се разбира дека кога ќе се подобри состојбата од двете страни на границата може да се зајакне и поттикне уште повеќе соработката меѓу различни региони и градови кои се во самото соседство имајќи предвид дека Битола навистина има многу добри предиспозиции за развој на туризмот, одржлив турозам. Ако се развие туризмот општината ќе може да генерира огромни приходи за самата општина. Денеска на оваа посета веќе слушнав од самиот градоначалник, од советниците во врска со сите адути што ги има Битола.Се надевам дека во следната година ќе ги искористиме сите можности кои се дадени и ќе може да ги претвориме во дејствија а да може вистински граѓаните на општина Битола да почувствуваат опипливи резултати.“ – рече меѓу другото Рокас.
Тој имаше свое обраќање во Советот на Оптина Битола, кадешто со советниците и претседателката на Советот дискутираше за исто така важни прашања од животот на граѓаните.

„Имавме одлична дискусија и тоа што јас увидов е дека сите се обединети околу прашањата односно префизвиците кои се поврзани со животната средина и прашања кои се поврзани со зазеленуавње на самиот град. Се надевам дека општината ќе може да ги искористи сите овие можности за да стане популарна дестинација . Мислам дека сите се согласивме во општинскиот совет дека аерозагадувањето е проблем број еден, исто така и изградбата на пречистителната станица тука во Битола и се разбира други зелени мерки кои се предвидени да битад спроведени во општината. “ – изјави Рокас.
Евроамбасадорот Михалис Рокас својата прва посета надвор од Скопје и прфа официјална на Битола ја заврши со посета на Јуроп Хаус, лоцирана во Офицерски, за која смета дека е најубавата од сите што Унијата ги има отворено во Македонија.












