Според метеоролозите на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см.
Во потпелистерското село Ротино веќе има снежна покривка од околу 30-тина сантиметри.
Од Центарот за управување со кризи, информираат дека врз основа на информациите од регионалниот центра во Битола, сите патни правци на Битолскиот регион( оптшините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево) се проодни.
Од Автомото сојузот на Македонија информирата дека 12:20 часот има забрана за сообраќај на ТТВ на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег.












