Кинескиот бизнисмен со криптовалути Џастин Сан, кој минатата недела купи уметничко дело од 6,2 милиони долари што се состои од банана залепенa на ѕид, ја изел бананата во петокот и се пофали на социјалните мрежи.
„Многу пријатели ме прашаа за вкусот на бананата“, напиша Сан во објавата на „Х“ објавувајќи видео на кое го јаде ова контроверзно уметничко дело на Маурицио Кателан, наречено „Комедијан“.
„Да бидам искрен, за банана со таква приказна, вкусот е природно различен од обичниот. Можев да забележам каков вкус би можеле да имаат бананите Биг Мајк од пред 100 години“, рече Сан, основачот на платформата за криптовалути Трон, пишува NPR












