ТЕРА

REKLAMA???

МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Менаџерски муабети во здравството. Се собраа на Бизнис Академијата Смилевски да дискутитраат за предизвиците на здравствениот менаџмент. Трибината имаше за цел да ги обедини сегашните и претходните здравствени менаџери од јавното здравство и здравствените менаџери на приватните здравствени установи од Битола, запознавање, вмрежување, соработка и дружење.

„Ели Медика Струмица мојата матична установа и БАС се установи кои што подолго време соработуваат во областа на менаџментот. Заедно решивме да направиме еден ваков настан, да ги поканиме битолските менаџери, искусни луѓе во своите области да дадат свој придонес за развој на здравствениот менаџмент во Македонија. Недостатокот на кадар е еден од големите проблеми, имаме одлив и на пациенти затоа што нашето население почнува многу да се сели за странство. Значи проблемот е комплексен и треба комплексно да се постапи за да може сите недостатоци да се решат“ вели  Д-р. Ѓорги Јанев, PhD во областа на Здравствената економија и Социјална медицина.

Во име на БАС академијата се обрати професорот Смилевски. Го прашавме кој е проблемот во јавното здравство, менаџирањето, дефицитарниот кадар или релациите медицински лица-пациенти.

„Да искажам едно задоволство што дојдовте тука да го афирмирате ова кое што е мошне запоставено прашање во јавноста. Пред точно 30 години Детра центарот како мајка на БАС организираше прв пат во Македонија серија на предавања под мотото „Здраво здравство со здравствен менаџмент“. Уште тогаш ги афирмиравме прашањата кои што се однесуваат на вистинско менаџирање со резултатите. За жал од тогаш до сега во јавното здравство не се поставени цели за остварување, туку се поставуваат само директори кои што имаат овластувања, а никој досега не одговарал за неостварување на цели. Оттука она што е значајно е без страм да почне да се употребува терминот менаџмент, што значи справување со проблеми во организациите за доброто на клинетите. Овде е уште позначајно што клиенти се пациентите, потенцијалните тешкотии се јавуваат токму од неразбирањето на функцијата на партнерство во здравството, пациентите клиентите и докторите треба да имаат услови да можат својот проблем да го решат, а тоа е она кое што недостасува, бидејќи досега имавме два неуспешни обиди во јавното здравство, економски, а потоа организациски директори“ вели Проф. д-р Цветко Смилевски од БАС.

Прашавме зошто пак успешни се примерите во приватното здравство, како што кажа и органзиаторот дека Битола има брендови од приватното здравство надалеку познати.

„Имаат успех затоа што тие се ориентирани кон резултати, затоа што ако немаат резултати нема да имаат пациенти, нема да имаат профит. Оттука едно од прашањата уште од 1994 година беше дискутирано како да се направи јавното здравство да може да пружа квалитетна услуга, наместо да биде квалитетната услуга подредена на нелојалноста или пак уште повеќе она што е корупција. Уште тогаш професорот Голдман од Голден Гејт универзитетот од Сан Франциско предлагаше веднаш под итно да се воведе дополнително здравстврно осигурување, па наместо под рака да се даваат за добар доктор пари кои не знаеме каде завршуваат, да се има разни категории на здавствено осигуруваање, кој сака подобар доктор, подобра услуга ќе си плаќа здравствено осигурување, кога ќе има потреба ќе ја добие таа услуга. Ние се уште тоа прашање не го отворивме, дополнителното здравствено осигурување по категории на квалитетни услуги“ рече Смилевски.

Предизвици се недостиг на кадар, финансиски ресурси, технолошки напредок, квалитет и безбедност на услугите, здравствена едукација и превенција, интеграција на нови системи за здравствена заштита, дополнително здравствено осигурување, задоволство на пациентите, регулаторни и законски барања.