ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ЧЕВЛАР

Препознатлив битолсkи белег од времето кога беше голем трговски, административен и политички центар се занаетчиите. Вчерашен Св. Спиридон е поводот да пронајдеме кондураџија. Податоците до кои денeска дојдовме се поразителни – наскоро Битола може да остане без овие занаетчии.

Додека светот индустриски се надградуваше,  се надградуваше и Македонија. Како економски послабо развиена држава, се задржаа но, постепено изумреа сите занаети. Битола не е исклучок, од 150 кондураџии и 37 дуќани опинчари, денес во градот функционираат само 4, а со оглед на возраста на мајсторите, наскоро градот ќе остане без овие занаетчии.  Диме е еден од последните. Најпрвин имал идеја да пере патики, како нова работа во градот, а потоа, едно по друго, стигнал и до знаења како да ги поправа обувките. Станал чевлар.

Не е сосема случајно во професијата, тој има и познавања од сите материјали, неговото образование е од текстилната струка. Чизмите во зависност од намена можат да се прават од најразлични материјали: кожа, волна, платно, гума, синтетички материјали и др. Исто е и со чевлите, а посебна е техниката на изработка на патиките. Диме ги оживува старите патики кои поминале многу километри, но ете одговараат на стапалото.

Како и другите занаетчии во градот, припадници на занаетите чие постоење е под силна конкуренција од високата технологија и ефтината кинеска понуда на обувки , така занаетски вели дека од поправањето на обувки „се живее“ , вели „има, се преживува“.

Освен него, во градот има уште 3-4ца официјални чевлари. Има битолчани и битолчани кои ги носат своите чизми на поправка, но , чевлари нема.

И, ниту еден од битолските  кондураџии од 21 век нема професионален наследник  – тие да ја играат улогата на калфа, а да имаат свој барем еден чирак. Дури, си спомена нашиот мајстор, некој од колегите имал објавено оглас за вработување, но, како што му е нему познато, никој не се јавил барем да праша за колкава плата би требало да работи. Вели, младите се само на копјутери и сега само Англиски сакаат да зборуваат.

Иако вели треба опрема, можеби од в година ќе планира производство. Како и другите кои животот го градат со занаетчискиот професионален кодекс, скромно вели во новата 2025… да не служи здравјето и да се продолжи добрата работа.

Бројни се историските податоци кои зборуваат за големината на Битола и различните занаети кои постоеле во градот. Статистичките податоци за крајот на 19 век велат дека ги имало стотина видови занаети  и занимања, преку 1.200 дуќани, 1.629 лица кои вршеле разни занимања, или, околу 30% од населението кое живеело од занаети и трговија.

Инаку, светот сега престана да се „индустријализира“, зборува за циркуларна економија – „земи, направи, троши и отстрани“ – модел што се заснова на принципот одржување на производи и материјали во употреба. Ние би рекле економија за стимулација на занаетчиската поправка.

Повеќе со чевлар Диме, на линкот подолу.