Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет удри во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.
Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници.
ФБИ соопшти дека на камионот имало знаме на Исламска држава и го сметаат инцидентот за можен терористички напад.
Напаѓачот бил убиен на местото на злосторството во размена на оган со полицијата, соопштија официјални лица.
ФБИ верува дека Џабар го изнајмил пикапот со кој удрил во луѓето во популарниот француски кварт рано на новогодишната ноќ пред да излезе и да пука во полицијата. Тој успеал да ја заобиколи заштитната ограда возејќи по тротоарот, соопшти полицијата во Њу Орлеанс.












