Најстарата личност на светот почина на 116 години, објави Гинисовата книга на рекорди.
Томико Итока почина на 29 декември во старечки дом во Ашија, Јапонија. Погребот се одржа во кругот на семејството и пријателите.
Итока, која сакала банани и јапонски пијалок со вкус на јогурт наречен Калпис, е родена на 23 мај 1908 година, пишува Sky News.
Таа беше ентузијастичка планинарка и двапати се искачила на планината Онтаке висока преку 3.000 метри. Во младоста играла одбојка.
Таа беше прогласена за најстара личност минатата година по смртта на 117-годишната Марија Брањас, според Геронтолошката истражувачка група.












