ТЕРА

REKLAMA???

ОСЛОБОДЕНИ ПРВИТЕ ТРИ ЗАЛОЖНИЧКИ ШТО ГИ ДРЖЕШЕ ХАМАС

Изралеската војска потврди дека првите три заложнички штo ги ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел.

„Тие се дома“, објави израелската војска на социјалната мрежа Икс.

Ослободените три жени, се првите од 33-те заложници кои треба да бидат пуштени од Хамас согласно првата фаза од договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според израелските медиуми, трите ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен, кои поминаа речиси 500 дена во заробеништво, од нападите на 7 октомври 2023 година.

Како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, рано утринава беа ослободени 90 палестински затвореници од израелските затвори, соопшти палестинската милитантна група.

Меѓу ослободените Палестинци има 69 жени и 21 млад маж од окупираниот Западен Брег и Ерусалим, се вели во соопштението, пренесе Би-би-си. Израелската затворска служба објави дека 90 палестински затвореници се ослободени на окупираниот Западен Брег.