ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТЕН МАРШ ОД БЕЛГРАД ДО НОВИ САД

Со порака „чекор поблиску до правдата“, студентите кои ги блокираа белградските факултети се на протестен марш кон Нови Сад.

По пешачење од повеќе од седумдесет километри, тие на 1-ви февруари ќе им се придружат на новосадските студенти во блокирањето на три моста во тој град.

Со протестните блокади на мостовите ќе бидат одбележани три месеци од уривањето на настрешницата на реконструираната Железничка станица, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.

Несреќата предизвика бран масовни протести ширум Србија, со што десетици илјади луѓе излегоа на улиците.