Како што соопштуваат од Општина Битола право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:
-да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
-да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
-да ја реализираат програмата за развој на спортот;
-да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
-да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
-да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
-да се грижат за унапредување на младите категори;
-да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
-да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;
-своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до општина Битола преку пошта на адреса: Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 12.02.2025 година и трае заклучно со 26.02.2025 година.












