„Тоа е нивна лична перцепција на советничката група на СДСМ и тоа е едно деструктивно однесување, бидејќи доколку не ја поддржат завршната сметка тоа е нивно политичко право, меѓутоа граѓаните треба да знаат дека и проектите кои што ги предлагаше СДСМ на сите оние кога се носеше и буџет и ребаланс, ние ги поддржавме и дел од нив веќе се отпочнати да се реализираат.
И тоа е едно неодговорно однесување. Доколку сакаат да направат напуштање на некаква си пракса тоа не е добро, меѓутоа е нивна политичка одлука. Граѓаните ќе си препознаат, оваа година ќе има локални избори и ќе оценат на кого ќе ја дадат довербата. СДСМ ќе бидат жестоко поразени и тоа го тврдам одговорно.
Дека ништо не се прави можат да го кажат само луќе кои што се иселеници и немаат дојдено неколку години го градот, а оние кои што доаѓаат и гледаат како се работи во градот, навистина и оние гости кои што доаѓаат во градот, кажуваат дека навистина интензивно се работи во Општина Битола, а во едно друго време кога СДСМ беше локална власт, воопшто ништо не се работеше и останаа запаметени како неработници“ вели советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.












