ТЕРА

REKLAMA???

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани.

Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди веста за смртта на 60-тиот починат од дисокотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот информираше дека овој пациент бил еден од најкритичните пациенти со 40% на изгореници на телото и дијализа поради откажување на бубрезите. Таравари потврди дека има уште тројца пациенти кои се исто така во тешка состојба и активно се следи нивната состојба.

Со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него.