Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52-та пленарна седница.
По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски што го објавија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го усвои текстот на Договорот со кој е дефинарно партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, а Предлог законот за негова ратификација вчера беше испартен во Собранието.












