ТЕРА

REKLAMA???

АВИОН НА „ЕР ИНДИЈА“ СО ПОВЕЌЕ ОД 200 ПАТНИЦИ СЕ УРНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО

Авион на „Ер Индија“ со повеќе од 200 патници се урнал во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, соопштија претставници на авиокомпанијата и полицијата, без да прецизираат дали има жртви.

Авионот бил на пат кон аеродромот Гетвик во Лондон, соопшти „Ер Индија“, додека полициски претставници изјавија дека авионот се урнал во цивилна зона во близина на аеродромот, објави „Ројтерс“.

Според извештајот на новинската агенција АНИ, во летот имало вкупно 242 лица, повикувајќи се на полициски контролен центар во државата Гуџарат, објави Радио Слободна Европа.