ТЕРА

REKLAMA???

ИРАН ГИ ПРОДОЛЖИ РАКЕТНИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, соопшти израелската војска, а сирените за предупредување повторно се огласија рано утрово во јужниот дел од земјата.

Иранска ракета погодила станбена зграда во јужен Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека промената или падот на раководството на Иран не е цел на нападите на Израел, туку може да биде резултат.

„Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот“, изјави Нетанјаху.

Иако тврди дека Израел има способност да ги нападне сите нуклеарни објекти на Иран, Нетанјаху рече дека секоја помош за нивно уништување би била добредојдена.

Израелскиот премиер рече дека во нападите се уништени „повеќе од половина“ од иранските ракетни лансери откако започна војната против Иран на 13 јуни

Мисијата на Иран во ОН бара од меѓународното тело да ги осуди неодамнешните израелски напади врз различните објекти на Иран, вклучувајќи го и неговиот реактор за тешка вода во Арак.