ТЕРА

REKLAMA???

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК, САД ПАК РАСПОРЕДУВА ВОЕНИ АВИОНИ

Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел, Иран, Ирак, Јордан, Либан и Сирија, а некои компании најавија промени во користењето на воздушниот простор во овие земји, пишува МИА.

Израелските превозници, вклучувајќи ги „Ел Ал“, „Сундор“ и „Израер“, ги суспендираа закажаните летови до крајот на јуни, со ограничена достапност за јули.

Во меѓувреме и информацијата дека Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток, распоредувајќи воени авиони пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз.