ТЕРА

REKLAMA???

САД НАПАДНАА ТРИ ИРАНСКИ НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. „Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите авиони се враќаат безбедно“, додаде тој и им честиташе на „големите американски воини“.

Трамп ја заврши својата објава со зборовите: „Сега е време за мир“.

Во кратката изјава од Белата куќа по објавувањето на нападите, Трамп му порача на Иран дека сега мора да направи прекин на огнот. Ако тоа не се случи, тој се закани со „многубројни“ напади врз Иран.

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти извесно време пред бомбардирањето, изјави денеска заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија.

Иранските власти соопштија дека нема опасност за населението во Кум и областите во близина на локацијата за збогатување ураниум во Фордо, јужно од Техеран, кои беа погодени во американски воздушен напад.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во врска со американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти денеска изјави дека постои „опасна ескалација“, оценувајќи дека сега постои „зголемен ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“.

Фото: Архива