ТЕРА

REKLAMA???

НЕМА ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА ЗРАЧЕЊЕ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТРОЈКИ ВО ИРАН

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, ќе свика вонреден состанок на Одборот на гувернери на МААЕ денеска во седиштето на агенцијата во ОН во Виена поради „вонредната ситуација“ во Иран „по најновите напади врз нуклеарните објекти“, се вели на веб-страницата на организацијата.

Генералниот директор рече дека иранските регулаторни власти ја информирале МААЕ дека нема зголемување на нивоата на зрачење надвор од тие локации по неодамнешните напади врз три ирански нуклеарни објекти, вклучувајќи го и објектот за збогатување ураниум во Фордо.

„Не очекуваме никакви здравствени последици за луѓето или животната средина надвор од целните локации, рече тој. „Ќе продолжиме да ја следиме и проценуваме ситуацијата во Иран и ќе обезбедиме дополнителни информации штом ќе бидат достапни“, рече Гроси.

МИА