ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: БИ ПОДДРЖАЛЕ И НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Актуелна е темата за тоа која политичка партија со кој кандидат ќе истрча на локалните избори за градоначалници.

Како што е познато ВМРО ДПМНЕ за Битола кажа дека за втор мандат ќе се бори актуелниот градоначалник Тони Коњановски.

СДСМ се уште за Битола не кажала, односно не го соопшти името на нивниот кандидат, а има многу шпекулации. Во првиот бран на имиња за неколку општини не се најде и битолската.

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски во синоќешната емисија „Анализа“ на Телевизија 24 рече дека СДСМ некаде би поддржала и независни кандидати за градоначалници.