ТЕРА

REKLAMA???

ПО ПРОТЕСТОТ ВЕЧЕРВА СУДИРИ НИЗ УЛИЦИТЕ НА БЕЛГРАД

Српската полиција употреби солзавец вечерва во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња, петарди, јави дописникот на МИА од Белград.

Припадници на жандармеријата почнаа со интервенции за растерување непосредно пред 22:00 часот во центарот на Белград против група млади лица кои, по завршувањето на студентскиот протест, фрлаа факели и петарди кон нив.

Немирите почнаа неколку минути по завршувањето на собирот, а откако студентското обезбедување го напушти просторот што ги одвојуваше демонстрантите и приврзаниците на власта кои се пред српското Собрание.

Телевизијата Нова.рс јавува дека жестоки судир меѓу граѓаните и полицијата се случуваат низ белградските улици, дека е употребен солзавец и топовски удари.

Претставник на полицијата преку мегафон ги повика граѓаните да се разотидат, во спротивно ќе има интеренција.