ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УПИС ВО СРЕДНО

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот.

Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16 034 места за упис на ученици – 10 758 за настава на македонски јазик, 4781 на албански наставен јазик, 474 на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик.

За гимназиско образование има 3727 слободни места и 12 307 за стручно образование.