ТЕРА

REKLAMA???

СО РЕЗОЛУЦИИ НА ЛДП ПОТВРДЕНА ВИЗИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИБЕРАЛИ ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА

Македонските либерал- демократи со две резолуции со кои се потврдува визијата на европските либерали за Обединета Европа.

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, викендов во Хелсинки на Советот на АЛДЕ (Асоцијација на Либерали и демократи на Европа), со 78 претставници во Европскиот парламент и 5 еврокомесари, предложи две резолуции кои беа усвоени од европските пријатели.

Првата резолуција се однесуваше на пристапот на Македонија до Европскиот одбранбен фонд, каде земјата ќе има пристап до заеднички буџет од 150 милијарди евра и кои можат да го користат земјите кои не се членки, а целта е затворање на безбедносниот вакум во регионот.

Втората резолуција се однесуваше на режим ,, Роаминг како дома” особено сега кога се прават напори за вклучување на Украина и Молдавија во овој систем.

Зајкова побара од своите европски пријатели Македонија да добие еднаков третман и целосна интеграција во ЕУ до 2030 година, според Копенхашките критериуми  односно според реален реформски напредок.