Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите, пишува агенцијата МИА.
Маск на платформата Х објави дека името на третата политика опоција ќе биде Американска партија, но не прецизира дали партијата е формално регистрирана кај изборните власти на САД. Маск, кој е роден надвор од САД и затоа не е може да се кандидира за претседател, не кажува кој ќе ја води.
Тој првпат ја најави можноста за формирање партија за време на неговата јавна расправа со Трамп, откако ја напушти должноста во администрацијата и започна жестока дебата со својот поранешен сојузник.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“.
„Мислам дека е апсурдно да се создава трета партија. Имаме огромен успех со Републиканската партија. Демократите ја изгубија насоката, но секогаш постоел двопартиски систем, и создавањето трета партија само предизвикува конфузија“, изјави Трамп.
Трамп вели дека системот е создаден за две партии. Третите партии никогаш не функционирале.












