Зголемен е бројот на странски туристи, а намален на домашните – вели Државна статистика за почеокот на летната туристичка сезона во Македонија. Според податоците
Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130.739.
Од 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, Во мај биле евидентирани 231.313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските.
Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на домашни туристи е намален, а кај странските е зголемен. 23,6% повеќе странци се шетале во Македонија споредувано со ланскиот период и 12% повеќе ноќевања направиле странците, споредувано со домашните за кои процентот е намален и во двете категории – 1% помалку домашни туристи и о,3% помалку ноќевања.
Дали ваквите податоци се директно поврзани со цените во угостителството?
Според истиот извор, Цените во угостителството, по групи, во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година се зголемени кај групата храна за 0.3 %, додека кај алкохолните пијалаци, безалкохолните пијалаци и ноќевањата не се забележани промени.
Цените во туристичките места подразбираат цени за услугите и храната со алкохолните и безалкохолни пијалаци. Некои споделени искуства и пресметки на граѓаните кои годинава биле во Црна Гора, Хрватска, Албанија, Бугарија и Турција ја ставаат Македонија во место кадешто може да се потрошат и повеќе пари отколку во странство. Цените на сместувањето во хотел со 2 или 3 звезди варираат од 50 евра па нагоре во сите земји, слично и во нашата. Цената на едно пиво може да ва изненади – од досегашните 2-3 евра во Македонија одеднаш да треба да платите 5 или 6 евра, а лежалките на плажите под концесија сосе чадор ќе ви одземат уште 500-600 денари по ден. Освен ова на морето во екс ју државите и, Албанија, Бугарија и Турција, може денот да се помине и со 20 евра, исто како во Македонија.
Статистика вели дека во Пелагонискиот регион во мај месец регистрирани биле преку 3.800 туристи, и домашни и странски.
Според државниот завод за статистика, во месеците јуни и јули се очекува обратен тренд – зголемување на домашните туристи наспроти странските. Но цените не се водечката причина, туку македонската традиција на печалбарство што го создава трендот – иселениците почесто ја посетуваат родната земја во најтоплите месеци ( јуни и јули и август ) отколку во мај.












