ТЕРА

REKLAMA???

ТЕХНОЛОШКИ-ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УКЛО НУДИ МОДЕРНИ ПРОФЕСИИ

Светот во 21 век се повеќе добива информации за храната и начините на здрава исхрана. Но, во изобилството на достапни информации, човек лесно може да се преполне со информации кои не се соодветни на здравјето, возраста, болестите. Оттука, потребно е да се консултирате со експерт. Технолошко-техничкиот факултет Велес на универзитетот Св. „Климент Охридски“ Битола образува токму такви профили.

Оваа година Технолошко- техничкиот факултет во Велес го отвори вратите за вкупно 100 студенти на 2 студиски програми.

На студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија во Велес има места за 20 редовни студенти во државна квота и 5 студенти кои би студирале вонредно. Исто толку, 20 редовни во државна и 5 вонредни има и на оваа студиска програма во Битола. Студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија овозможува стекнување на инженерски знаења потребни за водење на процеси при преработка на храна и други биолошки материјали. Дипломираните инженери се квалификувани за контрола и подобрување на постоечките процеси, како и креирање на нови производи и технологии во согласност со системите за безбедност и квалитет во прехранбената индустрија и биотехнологијата.

Факултетот е отворен и за 20 редовни студенти во државна квота на студиската програма за Нутриционизам во Велес и 20 редовни студенти во државна квота за оваа студиска програма во Битола. Во двата града на Нутриционизам може да се запишат и по 5 вонредни студенти. Овој профил на професионалци се тие вклучени во образованиетона општата популација и специјалните целни групи ( од бебиња до стари, спортисти и други). Со стекнатото образование на додипломски студии нутриционистите изготвуваат и спроведуваат програми за превенција и сузбивање на болести поврзани со храната и исхраната, а и во  научно-истражувачка работа за влијанието на храната врз здравјето и генетскоиот индивидуален и популавциски потенција, а како стручен кадар се вклучуваат во лабораториите и центрите за анализа, развој и контрола на храна.

Технолошко-техничкиот факултет во Велес е најмладата единица на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, но нивните активности во и надвор од државата се веќе високо вреднувани. Најпрвин од фактот дека интензивно работат на истражувачката работа, а потоа и дека професорите вклучени во образовниот процес се членови на светски престижни асоцијации за технологија и нутриционизам.