ТЕРА

REKLAMA???

КУЗЕСКА: ВЛАДАТА УПОРНО ОДБИВА ЗА 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари.

Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство.

Во исто време платите стагнираат, власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.

Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати.

Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.

Европската статистика покажува дека дури 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат одмор. Тоа е уште еден доказ за поразителниот стандард во кој живеат граѓаните на државата“ вели Кузеска.