ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕР СО ДОЖД И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. Во Битола до 32 степени.