Наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец – прогнозираат од УХМР.
Во Битола температурата на воздухот ќе се движи од 9 до 28 степени Целзиусови.
До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.












