Утрово 2 степени во Берово, 3 Крива Паланка, Попова Шапка, 6 Лазарополе, Маврови Анови, Куманово, 7 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Струмица, Виница, Штип, Крушево, 9 Демир Капија, Претор, 10 Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Кавадарци, 12 Гевгелија.
Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 16 степени.













